Деби пораз за одбојкарките на Фит Фан на европска сцена

29

Одбојкарките на Фит Фан Волеј загубија со 3:0 (25:14, 25:9, 25:15) од грчки АЕК Атина во меѓународното деби во рамките од БВА купот. Годишениот турнир се игра во Косово.

Скопскиот тим кој се потпира на млади, домашни сили одигра во грч против поискусниот состав на грчкиот ривал и се обиде да понуди посилен отпор особено во финишот на сетовите.

Капитенот Јакимовска со пет поени беше меѓу подобрите во редовите на својата екипа.

Македонскиот тим утре во рамките од второто коло во 19 часот ќе се соочи со домаќинот Дрита.

ПретходноМиовски остана без менаџер, Ренџерс го отпуштија Мартин
СледноРис Џејмс е повреден, на негово место дебитант во репрезентацијата на Англија