
Капитенот на Челзи, Рис Џејмс нема да биде во можност да и помогне на репрезентацијата на Англија во претстојниов квалификациски прозорец, па на негово место селекторот Томас Тухел одбра да го повика дебитантот, Нико О‘Рајли од Манчестер Сити.
Англија за овој репрезентативен собир има закажано пријателска средба со селекцијата на Велс, која што е пак во нашата група, а потоа игра квалификациски меч против Летонија.