Од Визер Скопскиот Маратон доаѓаат најразлични приказни. Оваа година низ улиците на Скопје трчаа рекодни над 14.000 учесници, а во центарот на вниманието се најде Благоја Ацковски, кој на 72 години ја истрча маратонската делница од 42 километри.
Благоја кој е познат по прекарот Бале Брзи е вистинска инспирација за сите генерации. Тој беше облечен во народна носија, која носи дополнителна тежина на неговата порака од овој маратон.