Информација за процесот со билети за натпреварот Белгија – Македонија
Драги навивачи на македонската репрезентација,
Сите кои купивте ваучери за билет за натпреварот Белгија – Македонија, што ќе се игра во Гент (10.10.), ве известуваме дека на вашата е-пошта веќе е испратен e-mail директно од Белгиската фудбалска федерација (RBFA).
Преку линкот во тој e-mail треба да се најавите (log in) и да ги активирате вашите билети (сеуште има релативно голем број неактивирани билети).
За секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот.
Доколку тоа не се направи, не ќе можете да влезете на стадионот.
Ве молиме проверете го вашето сандаче (и Spam/Promotions папките) и завршете ја активацијата навреме.