„Халанд е најдобриот стрелец што некогаш играл во Англија“

29
фото: Manchester City (X)

Џејми Карагер го пофали Ерлинг Халанд, кој вчера му ја донесе тешката победа на Манчестер Сити од 1-0 над Брентфорд на гостински терен. Норвежанецот постигна гол во својот 9-ти натпревар по ред и дојде до 18 гола на 11 натпревари оваа сезона за клубот и за репрезентацијата.

„Мислам дека го гледаме најдобриот стрелец што некогаш играл во Англија. Не се сеќавам на Џими Гривс и Дикси Дин, но можам со сигурност да го кажам тоа по деновите на Гари Линекер, Алан Ширер, Хари Кејн и Jaн Раш“, рече Карагер.

„За мене, постои разлика меѓу одличен централен напаѓач и стрелец на голови. Мислам дека гледаме нешто што никогаш порано не сме го виделе во нашата игра и не треба да заборавиме дека овој клуб го имаше и одличниот Серхио Агуеро. Но, Халанд е сосема поинаков и најдобар“, додаде Карагер.

ПретходноСудиска комисија: Правилна одлука на ВАР тимот на натпреварот Вардар – Струга Трим Лум
СледноКапинковски: Немаме намера да и ги препуштиме бодовите на Шкендија