Шкендија сака триумф во Битола по тешкото гостување во Шпанија

58
фото: KF Shkëndija (FB)

Шкендија во рамките од 9. коло во понеделник гостува во Битола, кај тимот на Пелистер. Тетовските „црвено-црни“ во натпреварот влегуваат после тешкото гостување во Мадрид, кај тимот на Рајо Ваљекано во 1. коло од Лигата на Конференции, каде загуби со 2-0.

Од таборот на тимот од Тетово велат дека сето тоа го оставаат зад себе, дека е собрано драгоцено искуство, и сега фокусот е само како да се освојат три бода од гостувањето кај Пелистер.

„Во овој меч со Пелистер влегуваме после многу тежок натпревар против Рајо Ваљекано, но за нас тоа беше едно драгоцено и убаво искуство. Натпревар против екипа од силната Ла Лига. Но, сето ова го забораваме и одиме во Битола на три бода против Пелистер. Шкендија на секој меч оди на три бода. Нема да биде лесен предизвик, но секогаш одиме на победа за да дојдеме до зацртаната цел – одбрана на титулата“, изјави Камер Ќака, играчот на Шкендија.

Тој додава дека Шкендија сака на пауза да замине мирно, со освоени три бода и повисоко место на табелата.

„Ако освоиме три бода, ќе биде многу добро за нас. Ќе се искачиме повисоко на табелата, и тоа ќе ни ги олесни работите, затоа што потоа следува пауза, која ќе биде добредојдена по многу патувања и натпревари. Во иднина верувам дека во Европа работите ќе тргнат на подобро во наша корист“, заврши Ќака.

ПретходноУ19: Селими го објави списокот за контролните натпревари против Црна Гора
СледноИнцидент во Третата лига: Голманот на ФК Пчиња претепан во Синѓелиќ