Данска е еден од трите противниците на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство 2026 година. Кирил Лазаров и неговите момци ќе играат во Хернинг, а континенталното натпреварување ќе го отворат против еден од домаќините.
За дуелот со Македонија, актуелниот светски првак во составот ќе го нема Емил Мадсен од Кил. Најдобриот стрелец на бундес-лигашот поради повреда на коленото е надвор од терените, а според најавите најверојатно го чека подолга пауза.
Првичните информации велат дека до крајот на годинава нема шанси да се врати во тимот, што пак води само кон едно – нема да биде во составот на Данска за мечот со Македонија, која на ЕП ќе игра против Португалија и Романија.