“Ерлинг Халанд е најдобриот голгетер кој некогаш играл во англискиот фудбал!“

41
фото: Premier League (X)

Манчестер Сити и тоа како е некоја друга димензија кога во нападот е Ерлимг Халанд. “Монструмот“ како го нарекуваат Норвежанецот и оваа сезона ја почна маестрално, голгетерски расположен.

По мечот со Брентфорд, некогапната легенда на Ливерпул а сега стручен коментатор, Џејми Карагер изјави:
“Мислам дека го гледаме најдобриот голгетер кој некогаш играл во англискиот фудбал. Јас лично не сум ги гледал Џими Гривс, Дикси Дин и сите тие кои играа пред децении и децении, но затоа ги знам Гари Линекер, Алан Ширер, Хари Кејн, Јан Раш, Серхио Агуеро. За мене постои разлика меѓу врвен централен напаѓач и голгетер. Затоа сметам дека она што го гледаме сега со Халанд досега не сме го видиле во фудбалска Англија“ потенцираше Карагер.

Да споменеме дека Халанд на мечот со Брентфорд постигна гол на деветтиот меч во низа во сите натпреарувања а засега сезона 18 пати се запиша во листата на стрелците.

И повеќе од импресивно.

ПретходноПоранешен ракометар на Вардар се разнесе со бомба во Белград
СледноОва е потегот на Чаби Алонсо со кој ги воодушеви фановите! (ВИДЕО)