Маријан Герасимовски ќе му помага на Милан Стојановски во Пелистер

585

Партизанова врска во ФК Пелистер. Клубот од Битола се очекува во наредните неколку часа да го обелодени името на Милан Стојановски за нов шеф на струката во „зелено-белите“ кои утрово го раскинаа договорот со досегашниот тренер Димитар Капинковски. Очајните резултати и лошата атмосфера во екипата беа причината поради која клубот одлучи да направи тренерска смена пред стартот на репрезентативната паза а само ден по добрите 1:1 на домашен терен со првакот Шкендија.

СпортСпорт го најави името на Милан Стојановски, поранешниот наш репрезентативец и фудбалер на екипи од типот на Пролетер, Партизан, Беитар и АПОЕЛ. Тој со себе во Битола носи уште еден „партизановец“ но и добар познавач на приликите во мак-фудбалот. Станува збор за Маријан Герасимовски кој со Стојановски играше во Партизан од 1998 до 2001 година. Исто така поранешен репрезентативец и тренер кој во минатото беше во улогата на асистент во Вардар кај Гораз Михаилов и Срѓан Захариевски.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Шабани блескаше на мега – дербито
СледноДанска без најдобриот стрелец на Кил против Македонија