Иако вчера Пелистер одигра 0:0 со шампионот Шкендија и ја прекина црната серија од пет порази во низа, сепак Димитар Капинковски од денеска не е веќе шеф на струката на еден од нашите најголеми клубови.
И официјално, како што известуваат од раководството на клубот на своиет социјални мрежи Капинковски не е веќе тренер на битолчани.
Да потсетиме дека тој својот втор мандат како стратег на Пелистер го започна ова лето пред стартот на подготовките за оваа сезона.