Поранешен ракометар на Вардар се разнесе со бомба во Белград

942

Мартин Сипковски, поранешен ракометар на Вардар, а потоа и познат како модел е лицето кое почина во Белград, откако непрофесионално ракувал со експлоизвна направа во стан во центарот на Белград, тврдат српските медиуми.

Главниот град на Србија беше потресен од силна експлозија во стан на улица Косовска, на само неколку десетици метри од зградата на Народното собрание. 21-годишниот Мартин починал на лице место, а неофицијално, во станот е пронајден Ц-4, воен експлозив што се користи исклучиво во специјални операции.

 

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ја води истрагата, уапсен е Филип В. од Белград, кој е осомничен дека ја предал бомба на екс-ракометарот на денот на пред-експлозијата, пишуваат српските медиуми. Станот во кој бил, го изнајмил за еден ден.

Поради повредата на вратот Мартин се откажа од неговата најголема љубов ракометот, а потоа заполови по модните писти, но за жал неговиот живот згасна на 21 година.

ПретходноГоран Кузманоски го објави поширокиот список за евро-квалификациите
Следно“Ерлинг Халанд е најдобриот голгетер кој некогаш играл во англискиот фудбал!“