Пролет од безизлезна ситуација до бод против Бутел Скопје

31

Се одигра последниот натпревар од шестото коло во Супер-лигата. Бутел Скопје и Пролет одиграа меч со мал број на голови и без победник. Домаќинот имаше шанса да дојде до целиот плен, но во самиот финиш му дозволи на противникот да постигне два брзи гола и да дојде до реми 22-22.

Николов запиша седум гола, Трајкоски имаше десет одбрани. На другата страна Стојановски запиша пет погодоци.

Избраниците на Горан Кузмановски отворија со 3-0, позитива која ја имаа до средината на првото полувреме (8-5). На другата страна гостите со серија од 4-0 дојдоа до првото водство на мечот 8-9. Узунчев пред одморот донесе минимална предност на својот тим од 12-11.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, се играше гол за гол. Со тоа што во последните две минути Бутел Скопје поведе со 21-19. На другата страна Стојановски намали на 21-20, но Михајловиќ се чини стави печат на победата за 22-20. Пролет успеа да дојде до бод во последните секунди со головите на Стојановски и Палевски.

Бутел Скопје го запиша првото реми, има четири победи и еден пораз, додека пак Пролет има скор од три победи, два порази и реми.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Жестоко беше на Арената!
СледноВо тишина се подготвувал нов НБА потрес: Милвоки за малку ќе останеше без Јанис Адетокумбо!