ФОТО НА КОЛОТО: Жестоко беше на Арената!

83

Вардар – Струга ТЛ 2:2 беше исходот од мега – дербито на 9.коло, меѓу двете од три екипи кои се легитимни аспиранти за титулата оваа сезона во ПМФЛ.

Имаше многу дуели, пенал, гостите двапати водеа а Вардар двапати израмнуваше а дека беше жестоко на теренот доказ е оваа фотографија од еден дуел меѓу репрезентативецот Бојан Илиевски (Струга ТЛ) и Роџерс Мато (Вардар).

Секоја топка беше битна, важна, секоја педа од теренот мораше да се контролира. Така и беше а Бојан и Мато покрај овој имаа барем уште десет вакви слични дуели.

ПретходноГолемата одлука на Леброн излезе дека е реклама за коњак
СледноПролет од безизлезна ситуација до бод против Бутел Скопје