Ананиев во финале: Македонија на чекор да добие балкански првак во борење

26
фото: Боречка Федерација на Северна Македонија (FB)

Младиот македонски борач Лука Ананиев обезбеди пласман во финале на Балканското првренство во Клуж-Напока во Романија.

Борбите за пионери започнаа денес, а Македонија веќе има медалист. Ананиев најпрво славеше во дуел со претставник на Косово, па во четвртфиналето триумфираше и над борач од Молдавија, за во полуфиналето да обезбеди триумф и над силниот ривал од Турција.

Утре во попладневната сесија нашиот млад борач за златото ќе се сретне со уште еден противник од Турција.

ПретходноСе подготвува стратегија за Белгија: Репрезентативците со засилени тренинзи (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Следно„Ел Класико“ нема да помине без него: Јамал ќе биде подготвен за Реал!