Една од најголемите ѕвезди на НБА, Јанис Адетокумбо, за малку ќе го сменел клубот ова лето.
Долго време се шпекулираше дека Антетокумпо не е задоволен од состојбата во тимот, ниту од потезите на управата на Милвоки Бакс, која, според многумина, не успева да состави екипа што може да се бори за титула – па дури ни блиску до тоа.
Таквата ситуација ги отвори вратите за други клубови да тргнат по „Грчката ѕверка“, а најсериозни разговори се воделе со Њујорк Никс.
Познатата франшиза долго преговарала со Милвоки, но во ниту еден момент не испратила доволно силна понуда – па договор сепак не бил постигнат.
Адетокумбо ќе ја започне и следната НБА сезона во дресот на Милвоки Бакс, но останува големо прашање – дали и ќе ја заврши таму.