И Илчо Ѓорѓиоски е можна опција за тренер на Пелистер!

7

Пресврт во Битола. Откако денеска раководството на Пелистер се раздели со Димитар Капинковски, како прв и најсериозен кандидат за клупата на битолската гордост беше Милан Стојановски, вечерва има нова опција.

А тоа е Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот стратег на Македонија ЃП и Вардар, клубови со кои освои титули во ПМФЛ, потоа беше претседател на ФФМ, а работеше како тренер во Грција, во Брегалница и како последно минатата сезона беше шеф на струката во Струга Трим Лум.

Секако дека на потег е раководството на Пелистер, кое треба да се одлучи на кого ќе му ја довери клупата на тимот посебно ако се знае дека битолчани се во незавидна ситуација и ги чека тешка битка во изборување на опстанокот.

Иако сега е репрезентативната пауза, добро за Пелистер ќе биде тренерското прашање што побргу да се реши.

Претходно„Ел Класико“ нема да помине без него: Јамал ќе биде подготвен за Реал!
СледноПогледнете го бесниот испад на Алегри (ВИДЕО)