Капело: Јуве – Милан? Неверојатно здодевно!

34
ФОТО: Fabio Capelo/X

Некогашниот стратег на Јувентус и Милан, еден од најдобрите тренери во историјата, секако дека тоа е Фабио Капело имаше свој коментар по неделното мег – дерби во Серија А меѓу овие два тима.

Тој воопшто не е импресиониран по тоа што го видел. Колку за потсетување овој натпревар заврши со резултат 0:0…

Првото полувреме беше неверојатно здодевно. Ниту една екипа немаше храброст да се впушти во ризик. Морам да кажам дека квалитетот на фудбалот во Серија А е драматично опаднат, нема ТОП играч од највисока класа. Во второто полувреме беше нешто подобро, сепак кога играат два големи клуба, два гиганти секако дека очекуваме спектакл. На крајот со право сите актери на овој меч беа исвиркани“ рече покрај другото славниот Капело.

ПретходноВажна инфомрација за навивачите во Гент: ФФМ ја одреди фан-зоната
СледноПелистер гостин на Висла, Гарабара порача: Нема простор за импровизации!