Партизанова врска во ФК Пелистер. Клубот од Битола се очекува во наредните неколку часа да го обелодени името на Милан Стојановски за нов шеф на струката во „зелено-белите“ кои утрово го раскинаа договорот со досегашниот тренер Димитар Капинковски. Очајните резултати и лошата атмосфера во екипата беа причината поради која клубот одлучи да направи тренерска смена пред стартот на репрезентативната паза а само ден по добрите 1:1 на домашен терен со првакот Шкендија.
СпортСпорт го најави името на Милан Стојановски, поранешниот наш репрезентативец и фудбалер на екипи од типот на Пролетер, Партизан, Беитар и АПОЕЛ. Тој со себе во Битола носи уште еден „партизановец“ но и добар познавач на приликите во мак-фудбалот. Станува збор за Маријан Герасимовски кој со Стојановски играше во Партизан од 1998 до 2001 година. Исто така поранешен репрезентативец и тренер кој во минатото беше во улогата на асистент во Вардар кај Гораз Михаилов и Срѓан Захариевски.