На 13 октомври на Арената во Скопје, по гостувањето кај Белгија во Гент, нашата најдобра фудбалска репрезентација го дочекува Казахстан во меч од квалификациите за СП 2026.
Па така според медиумите од Казахстан, оваа селекција има нов селектор и веројатно во Македонија ќе дојде со нов предводник.
Тоа е Михаил Пробиерж, кој до неодамна беше селектор на Полска, но како што е познато, по тенизиите со Роберт Левандовски си поднесе оставка.
Инаку се пренесува дека има договор со раководството на ФС на Казахстан, останува само да се официјализираи истиот.