Овој човек е чудо: Магичните асистенции на Јокиќ! (ВИДЕО)

49

Иако сезоната во НБА сеуште не е ни почната, Никола Јокиќ на подготвителните натпревари ја искажува својата генијалност. Денвер Нагетс со Јокиќ победува на контролните мечеви, така беше и на последниот меч со Торонто, со резултат 112:108.

Резултатот не е толку важен, поважно е што Денвер игра добро а најважно за фановите на најдобриот кошаркар во светот е тоа што и на овој меч покажува дека е кошаркарски генијалец.

Јасно е дека медија – тимот на Денвер издвои две чудесни асистенции на својот Јокиќ, а за едната искоментира – Ова е поезија.

Погледнете ги магичните потези на Јокиќ:

ПретходноШкендија се „фати“ во сопствената замка
СледноНекогашниот селектор на Полска е новиот предводник на Казахстан!