Пелистер гостин на Висла, Гарабара порача: Нема простор за импровизации!

33

По двата порази по ред против ПСЖ и ГОГ Гудме, македонскиот шампион Пелистер продолжува со предизвиците во Лигата на шампиони. Битолчани ги чека тешко гостување против Висла Плоцк, мечот се игра во среда со почеток во 18:45 часот.

Предводникот на Пелистер потенцира дека немаат простор за импровизации, морат да бидат на ниво доколку сакаат да се надеваат на позитивен епилог, не само за овој дуел туку и за сите останати.

„Играме со Висла Плок, тим кој постојано расте и станува многу посилен. Имаат одлична атмосфера во салата и претставуваат сериозна закана за сите ривали. Играат со висок притисок и неверојатно цврста одбрана која е добро синхронизирана и разноврсна. Мораме да бидеме фокусирани и да не правиме грешки, зашто тие веднаш ќе ја искористат таквата ситуација. Брзи се во нападот и ги казнуваат сите грешки на ривалите. Ова е Лига на шампиони, тука нема простор за импровизации. Играме против најдобрите тимови во Европа и сакаме да освојуваме бодови. Се надевам дека нема да имаме кризен период во играта, како што беше случај на натпреварот со ГОГ Гудме, кога немавме добри солуции цели 15-20 минути. Мораме да одиграме перфектно во текот на целиот натпревар, само така може да се надеваме на позитивен епилог“, изјави тренерот Рубен Гарабаја. 
ПретходноКапело: Јуве – Милан? Неверојатно здодевно!
СледноГоран Кузманоски го објави поширокиот список за евро-квалификациите