Се подготвува стратегија за Белгија: Репрезентативците со засилени тренинзи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

85

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, уште вчера го стартуваше проектот „Белгија“. Во рамките на октомвриските квалификации за Светското првенство 2026 првата станица на нашите фудбалери ќе биде Гент. В петок не очекува еден од одлучувачките дуели за севкупниот пласман во групата и шансата на Македонија да се надева на место на Мундијалот следната година.

Фудбалерите во позитивна атмосфера ги продолжија подготовките во Скопје, пред заминувањето за Белгија. Милевски и нашите избраници почнаа со тактичките подготовки за силниот ривал.

ПретходноКоментар на 9.коло: Битолчани му се израдуваа на бодот со Шкендија, ама толку беше од Капинковски
СледноАнаниев во финале: Македонија на чекор да добие балкански првак во борење