ТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Шабани блескаше на мега – дербито

55

Секако дека Буњамин Шабани е играч на 9.коло во ПМФЛ. И не само поради голот, туку поради она што го прикажа севкупно на мега – дербито со Вардар, кое заврши 2:2. Искусниот офанзивен играч на врска играше како да е тинејџер, домашните немаа лек за него, не знаеја и не можеа да го сопрат.

Јасно е дека кога Шабани е во ваква форма тогаш и Струга ТЛ има резултати.

Покрај него во тимот на колото од Струга ТЛ се уште Фал и Компаоре, потоа тука се Јанкулов и Мато (Вардар), Гроздановски (Пелистер), Џеков (Силекс), Милај (Шкупи), Стоилов и Талаков (Македонија ЃП), Ндзенгуе (Брера).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БУЊАМИН ШАБАНИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 30.01.1991 во Куманово

Кариера: Башкими, Милано, Оулун Пало, Скопје, Шкендија, Партизани, Ренова, Шкупи, Ширак, Дрита, Струга ТЛ

ПретходноЗенит на Димитријевиќ со порака до Леброн: Се уште имаме едно слободно место!
СледноМаријан Герасимовски ќе му помага на Милан Стојановски во Пелистер