И дефинитивно Струга ТЛ под водство на Бледи Шкемби оваа сезона е некоја друга димензија, што се вели. Тоа се виде и на мега – дербито со Вардар на Арената во Скопје. Стружани двапати водеа, во 90+4.минута на 1:2 имаа и зицер за 1:3 за победа, но ете, среќата не беше со гостите па на крајот освоија само бод.
Одлична Струга ТЛ, добро поставена, знаеше што сака и знаеше како да дојде до тоа што го сака. Најважно за составот на Шкемби беше да не се загуби во дербито, а за таквата игра секако свои заслуги има и самиот тренер и затоа според „СпортСпорт“ е тренер на 9.коло во ПМФЛ, повторно.