Новак Ѓоковиќ во Шангај урна уште еден рекорд

65
Фото: Roland-Garros @rolandgarros

Новак Ѓоковиќ го совлада Жаиме Муњар со 2-1 во сетови и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај.

Мечот траеше нешто повеќе од час и половина, а српскиот ас со резултат 6:3, 5:7, 6:2 избори место меѓу осумте најдобри тенисери на турнирот.

И не само тоа – Ѓоковиќ успеа да урне уште еден рекорд и да стане најстариот тенисер во историјата кој играл четвртфинале на Мастерс турнир.

Со тоа тој го надмина Роџер Федерер, кој до 2025 година го држеше овој рекорд.

Ѓоковиќ веќе стана најстариот тенисер кој има настапено во четвртфиналето на сите Грен слемови, како и најстариот играч во историјата кој елиминирал Грен слем шампион на Мастерс турнир.

ПретходноОва е потегот на Чаби Алонсо со кој ги воодушеви фановите! (ВИДЕО)
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)