Одбојкарките на Фит Фан Волеј беа поразени и во вториот меч на БВА Балканскиот клупски куп.
Денеска во натпреварот од 2. коло, нашиот преставник загуби со 0:3 (10:25, 14:25, 12:25) од домаќинот на турнирот косовска Дрита. Најефикасни во редовите на Фит Фан Волеј беа Бранислава Тасевска и Матеа Петровска со по шест поени.
Утре, во последното коло од 16:30 часот, македонскиот тим ќе се соочи со Херцег Нови од Црна Гора.