Младиот македонски борач Лука Ананиев обезбеди пласман во финале на Балканското првренство во Клуж-Напока во Романија.
Борбите за пионери започнаа денес, а Македонија веќе има медалист. Ананиев најпрво славеше во дуел со претставник на Косово, па во четвртфиналето триумфираше и над борач од Молдавија, за во полуфиналето да обезбеди триумф и над силниот ривал од Турција.
Утре во попладневната сесија нашиот млад борач за златото ќе се сретне со уште еден противник од Турција.