Во тишина се подготвувал нов НБА потрес: Милвоки за малку ќе останеше без Јанис Адетокумбо!

97

Една од најголемите ѕвезди на НБА, Јанис Адетокумбо, за малку ќе го сменел клубот ова лето.

Долго време се шпекулираше дека Антетокумпо не е задоволен од состојбата во тимот, ниту од потезите на управата на Милвоки Бакс, која, според многумина, не успева да состави екипа што може да се бори за титула – па дури ни блиску до тоа.

Таквата ситуација ги отвори вратите за други клубови да тргнат по „Грчката ѕверка“, а најсериозни разговори се воделе со Њујорк Никс.

Познатата франшиза долго преговарала со Милвоки, но во ниту еден момент не испратила доволно силна понуда – па договор сепак не бил постигнат.

Адетокумбо ќе ја започне и следната НБА сезона во дресот на Милвоки Бакс, но останува големо прашање – дали и ќе ја заврши таму.

ПретходноПролет од безизлезна ситуација до бод против Бутел Скопје
СледноКоментар на 9.коло: Битолчани му се израдуваа на бодот со Шкендија, ама толку беше од Капинковски