Дамјан Стојановски: Го почитуваме Вршац, но ние се прашуваме за победата!

41

МЗТ Скопје денеска ја отвара новата сезона во АБА2-лига. Прв противник на актуелниот македонски првак е тимот на Вршац, дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот, влезот е слободен.

„Зад нас е добро одработен подготвителен период, а веќе одигравме и неколку средби за што подобро да се воиграме. Противникот доаѓа од една од најкошаркарските земји во Европа, поради што дефинитивно заслужува респект, но мислам дека ние сме тие што ќе го решаваат прашањето околу победникот. Ако одиграме како што посакуваме, триумфот нема да ни побегне. Секако, со помош на нашата верна публика за која не се сомневам дека ќе дојде во голем број да не бодри“, изјави капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски. 

Од оваа сезона сите тимови ќе бидат дел од една заедничка табела ,а секој тим ќе одигра по осум натпревари во регуларниот дел, четири натпревари дома, четири на гости. Тимови од иста земја нема да се сретнат во регуларната сезона, а исклучок е доколку една земја има четири претставници, тогаш е дозволено едно домашно дерби.

Најдобрите осум екипи од регуларната сезона ќе се пласираат во плејоф фазата. Сите три фази ќе се играат по принцип „најдобар до три“, при што тимот со подобар резултат во регуларниот дел ќе има предност на домашен терен.

ПретходноЃорче на мегдан со Елче, Металург Автокоманда против Сплит во ЕХФ Купот
СледноКога групацијата навистина се грижи: Бесплатни прегледи за сите жени во тимот