„Ел Класико“ нема да помине без него: Јамал ќе биде подготвен за Реал!

39
ФОТО: FC Barselona/FB

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, има големи шанси да се врати комплетно подготвен за шпанското „Ел Класико“ со Реал (М). Напаѓачот претходно беше исклучен од шпанската репрезентација поради повредата на препоните. Главниот тренер на каталонскиот тим, Ханс-Дитер Флик, изјави дека не знае дали 18-годишникот ќе игра против Реал Мадрид, но „Марка“ објави дека Јамал е на интензивна рехабилитација со цел што побрзо да се врати на теренот.

Клубот очекува тој да биде достапен уште за натпреварот против Џирона на 18 октомври, но сигурно нема да игра 90 минути. Така, доколку не се појават какви било компликации, Ламин ќе игра против Олимпијакос и Реал Мадрид на 21 и 26 октомври.

ПретходноАнаниев во финале: Македонија на чекор да добие балкански првак во борење
СледноИ Илчо Ѓорѓиоски е можна опција за тренер на Пелистер!