Леброн Џејмс денеска (18 часот) најави дека ќе соопшти голема одлука. Веќе на големо се зборува дека ќе стави крај на својата кариера, но се чека потврда.
Додека целиот свет е во исчекување на овој голем момент, од таборот на Зенит за кого настапува Ненад Димитријевиќ испратија кратка порака до Леброн потенцирајќи дека имаат едно слободно место во тимот.