Пресврт во Битола. Откако денеска раководството на Пелистер се раздели со Димитар Капинковски, како прв и најсериозен кандидат за клупата на битолската гордост беше Милан Стојановски, вечерва има нова опција.
А тоа е Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот стратег на Македонија ЃП и Вардар, клубови со кои освои титули во ПМФЛ, потоа беше претседател на ФФМ, а работеше како тренер во Грција, во Брегалница и како последно минатата сезона беше шеф на струката во Струга Трим Лум.
Секако дека на потег е раководството на Пелистер, кое треба да се одлучи на кого ќе му ја довери клупата на тимот посебно ако се знае дека битолчани се во незавидна ситуација и ги чека тешка битка во изборување на опстанокот.
Иако сега е репрезентативната пауза, добро за Пелистер ќе биде тренерското прашање што побргу да се реши.