Миовски и Муслиу пред Белгија: Не ни треба дополнителен притисок, знаеме против кого играме

106

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги продолжи подготовките во Скопје во очекување на заминувањето за Гент, каде в петок не очекува клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Дел од нашите првотимци, пред тренингот, ги истакнаа своите очекувања од престојниот октомвриски квалификациски двомеч.

„Знаеме против кого играме. Последната фаза од квалификациите дојде, досега покажавме дека можеме. Први сме со супер-гол-разлика. Задоволни сме, но работата не е завршена. И Белгија, но и останатите две средби се едни од најважните во поновата историја на Македонија. Знаеме против кого играме. Играчите, скоро сите, им се од топ петте лиги. Се подготвуваме максимално и со помош на нашите навивачи одиме да извлечеме поволен резултат“, вели нашиот напаѓач, Бојан Миовски.

На слична релација се и размислувањата за Висар Муслиу.

„Мора да се соочиме со тоа дека ова е многу важен меч, но не и дека судбината ни зависи од сето ова. Не треба да создаваме дополнителен притисок. Треба со ладна глава и со максимум од нас да влеземе на овој дуел“, вели нашиот дефанзивец.

Македонија и гостува на Белгија во Гент в петок од 20.45 часот.

ПретходноДанска без најдобриот стрелец на Кил против Македонија
СледноГолемата одлука на Леброн излезе дека е реклама за коњак