Ииталијанските медиуми медиуми сè повеќе ја доведуваат во прашање улогата на Рафаел Леао во Милан, прашувајќи се дали Португалецот навистина може да игра како класичен централен напаѓач. Во меѓувреме, видео од предупредувањето што му го даде тренерот Масимилијано Алегри за време на натпреварот против Јувентус стана вирално, објавува football-italia.net.
Леао има само два настапи во Серија А оваа сезона, двата од клупата, откако се врати на теренот кон крајот на септември по повеќе од еден месец пауза поради повреда на листот. Неговите единствени два лигашки настапи беа против Наполи и Јувентус, а големото промашување против тимот на Игор Тудор во неделата предизвика сомнежи дали може да се вклопи во визијата на Алегри како централен напаѓач.
Речиси сите италијански спортски медиуми денес пишуваат за португалската ѕвезда на своите насловни страници. „Тутоспорт“ го нарекува „проблем“ за Милан, „Кориере дело Спорт“ тврди дека Леао ја „дели“ соблекувалната, додека „Газета“ предупредува дека 26-годишникот ризикува да го изгуби местото во почетниот состав ако наскоро не го подигне нивото на игра.
По ремито без голови (0:0) против Јувентус, Алегри рече дека Леао мора да биде „немилосрден“, но се чини дека италијанскиот специјалист се обидува да го мотивира и на теренот, на свој специфичен начин.
Вирално стана видео на социјалните мрежи на кое се гледа како Алегри му вели на Леао: „Рафа, не ме лути“, непосредно пред да го претстави како замена во неделното дерби.
Allegri caught by a fan cam from the stands during the Juventus telling Leao before his sub: “Rafa, don’t make angry.”pic.twitter.com/rbpXIPiJRY
— Milan Eye (@MilanEye) October 6, 2025
Малку подоцна, беше снимен гневот на Алегри, за време на кој им вика на играчите на клупата: „Никој не рече ни збор во соблекувалната“.