Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, уште вчера го стартуваше проектот „Белгија“. Во рамките на октомвриските квалификации за Светското првенство 2026 првата станица на нашите фудбалери ќе биде Гент. В петок не очекува еден од одлучувачките дуели за севкупниот пласман во групата и шансата на Македонија да се надева на место на Мундијалот следната година.
Фудбалерите во позитивна атмосфера ги продолжија подготовките во Скопје, пред заминувањето за Белгија. Милевски и нашите избраници почнаа со тактичките подготовки за силниот ривал.