Поранешен македонски селектор ќе седне на клупата на Босна?

97

Според „спортспорт.ба“ Дрган Бајиќ е сериозен кандидат за селекторската функција на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина.

Поранешниот македонски селектор на Македонија е во предност пред Емир Мутапчиќ, како што вели овој портал бидејќи се бара „евтина“ опција, а кандидатот е пред КСРС.

Драган Бајиќ неодамна беше назначен за спортски директор на тимот на Виена, кој од оваа сезона ќе се натпреварува во АБА лигата, во групата Б.

Драган Бајиќ е познат на пошироката спортска јавност како тренер на Игокеа. Тој забележа одлични резултати со тимот од Лакташи, а на клупата на овој тим беше четири мандати.

Во својата богата тренерска кариера со Игокеа, тој освои пет шампионски титули на Босна и Херцеговина, како и шест трофеи во Куп натпреварувањето.

Споменатиот експерт веќе имаше искуство како селектор, седејќи на клупата на репрезентацијата на Македонија, дојде во април 2021 година си замина во јули 2022 година неоставајќи резултати за гордеење.

Доколку се договори тој ќе дојде на местото на Адис Беќирагиќ.

ПретходноМакедонија У21: Против Ерменија резултатски и играчки да се рехабилитираме
СледноЕХФ ја збогати листата: Начевски – Николов и Митревски – Тодоровски ќе судат на Европското првенство 2026