Црвена звезда му подготвила отказ на Сферопулос

50

Белградска Црвена Звезда му подготвува отказ на тренерот Јанис Сферопулос, обвави „Спортклуб“. Според информациите на медиумот, „црвено-белите“ веќе контактирале со Саша Обрадовиќ, кој е прв избор за нов тренер на евролигашот.

Црвена Звезда имаше многу слаб почеток на сезоната, се уште без триумф на официјални натпревари.

Во Евролигата, белграѓани имаа два порази: против Армани дома, а потоа и против Баерн Минхен, пред тимот на Сферопулос да биде поразен и од Задар во Белград во првото коло од АБА лигата.

ПретходноФранција останува без Мбапе и Конате за мечот со Азербејџан
СледноКонсеисао се договори со Ал-Итихад