Бразилците од Њукасл доживеаја авионска драма, по 12 часа лет слетаа во Амстердам

47
фото: SportyFM Ghana (X)

Фудбалерите на Њукасл, Жоелинтон и Бруно Гимараеш, преживеале вистинска драма во обид да се приклучат на собирот на бразилската репрезентација во Јужна Кореја.

Таму тимот предводен од Карло Анчелоти треба да одигра пријателски натпревар против домашната селекција во петок, а долгото патување тргнало наопаку за ѕвездите на Њукасл.

Имено, стаклото на авионот со кој патувале било скршено, поради што летот за Јужна Кореја бил откажан, а авионот бил принуден да направи полукружно свртување назад кон Амстердам, од каде што полетал. По 12 часа во воздух, двоецот на „страчките“ слетал назад во холандската престолнина и на крајот ќе мора да летаат со посебни летови за да им се придружат на своите соиграчи во Сеул.

На крајот, се поставува и прашањето дали воопшто ќе учествуваат во натпреварот по сè што поминале во последните неколку часа.

ПретходноГарсија: Белгија ќе ги заврши квалификациите за СП 2026 без Тилеманс и Лукаку
СледноИгор Стефановски – Иџе ќе биде прв Македонец во Еуронаскар Про