Како што „СпортСпорт“ најави: Милан Стојановски и официјално на клупата на Пелистер!

83
ФОТО: FC Pelister/FB

Нема веќе дилеми, најавено па потврдено. Од денеска и официјално Милан Стојановски е нов шеф на струката на Пелистер, токму онака како што вчера ексклузивно најави “СпортСпорт“.

Откако битолчани се разделија со Димитар Капиновски, по очајниот старт на сезоната, Милан Стојановски беше најсериозен кандидат за нов тренер на Пелистер, и тој денеска е промовиран како нов стратег.

Милан Стојановски е поранешен македонски репрезентацтивец со 26 настапи, досега како тренер работел во Телеоптик и ИМТ.

Од него се очекува да “стегне“ екипата на Пелистер и да тргне со успеси.

ПретходноЕдна од нив е вишок: Две ѕвезди и најтешката одлука за Чаби Алонсо!
СледноСелекторот на Белгија се двоуми: Кој место Лукаку против Македонија?