Вечерва се одиграа четири меча од 4.коло во ракометната Лига на Шампионите. Освен нашиот Пелистгер кој беше поразен кај Висла со 36:25, на сите останати натпревари гостите славеа победи.
Прво Магдебург кај ГОГ и успеа да дојде до триумф од 30:39. Ова беше четврта победа на актуелниот европски првак во исто толку одиграни натпревари.
Кога се однесува до стрелците, кај победничкиот состав се истакна Магнусон со 11 голови.
Нант исто како гостин дојде до убедлива победа кај Спортинг со 28:39. Овој меч беше суден од нашите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
И во последниот вечерашен меч, Алборг со 26:35 славеше кај Колштад како гостин.