Македонската фудбалска репрезентација попладнево замина за Белгија каде што во петок од 20:45 часот во Гент ќе го одигра шестиот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања.
Нашите репрезентативци со чартер лет заминуваат на следниот предизвик кој што може слободно да се претстави како историски. Пред се затоа што имаме златна шанса да направиме нешто големо во овие квалификации со евентуален поволен резултат.
Во моментов сме први на табелата со единаесет бодови, а евентуалниот успех во Белгија ќе ни донесе пол позиција пред последните две кола. Против Казахстан на домашен терен односно Велс на гости.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски веќе трет ден како се подготвуваат за овој меч, а утре секако ќе го имаат и официјалниот тренинг на стадионот во Гент.