Македонија У21: Против Ерменија резултатски и играчки да се рехабилитираме

5

Македонската репрезентација до 21. година веќе два дена како работи во домашни услови и се подгтовува за третиот квалификациски дуел од тековната кампања.

По поразите од Полска на гости, односно Италија дома, нашите надежи сега имаат шанса за освојување на првите бодови во групата со дуелот против Ерменија, повторно во Битола.

Нашата У21 база и натаму е „Градот на Конзулите“, и таму се е подготвено за ново репрезентативно гостување.

Македонија имаше тежок старт на овие квалификации. Во Полска реално не одигравме како што треба, но против Италија покажавме дека и тоа како можеме да се носиме со фаворитите во групата. Ерменија пак од друга страна секако не спаѓа во таа категорија, па избраниците на селекторот Горан Станиќ пред себе имаат убава можност да ја свртат ситуацијата во своја полза, и со добра партија, конечно постигнат, гол и освојување на трите бода резултатски да се рехабилитираат.

Младата репрезентација уште утре ќе тренира во Скопје, а потоа заминува за Битола каде што во петок од 17:00 часот е закажан дуелот со Ерменија.

 

ПретходноМакедонија „полета“ по историски подвиг во Белгија (ФОТОГАЛЕРИЈА)