Мекгрегор доби суспензија од 18 месеци поради кршење на антидопинг правила

26

Поранешниот шампион во MMA на УФЦ, Конор Мекгрегор, е суспендиран на 18 месеци поради кршење на антидопинг правилата, поточно поради пропуштање на три допинг тестови.

Ирскиот борец пропушти три тестови за 12 месеци минатата година, на 13 јуни, 19 и 20 септември, откако не им достави на властите информации за неговaтa местоположба, соопшти УФЦ.

Неговата суспензија ќе заврши на 20 март 2026 година.

Мекгрегор не се натпреварувал во УФЦ откако ја скрши ногата во борбата против Дастин Поарие во јули 2021 година.

ПретходноПуштени во продажба билетите за мечот Вардар – Сесвете
СледноБарселона повторно под истрага: Платиле 10 милиони евра на посредник за „непостоечки услуги“