Меч за заборав: Висла со убедлива лекција за Пелистер

72
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер го запиша третиот пораз во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Висла Плоцк беше совладан со 36-25. Полскиот тим на дело покажа зошто на овој дуел влезе како голем фаворит, едноставно доминираше против македонскиот првак, кој одигра меч за заборав. Битолчани реализираа само два пенали од пет обиди.

Митревски имаше девет одбрани, Манасков со седум гола беше прв стрелец, Павле Атанасијевиќ беше стрелец на четири. На другата страна Алиловиќ имаше осум одбрани, три од седум метри, Ричардсон беше стрелец на осум гола.

Македонскиот првак одлично му парираше на противникот, после четвртата одбрана на Митревски во 11 минута поведе со 4-5, но на другата страна веднаше следеше одговор од домаќинот за 6-5. Но на стартот на 20-та минута, Пелистер при нови плус еден (8-9) влегоа во криза, Висла со серија од 6-1 поведе со 14-10 во 23 минута, беше и 17-12. На одморот резултатот беше 18-14.

Не се промени ништо на теренот, Пелистер не успеа да дојде рамо до рамо, Хенигман во 34-та минута заработи директен црвен картон поради груб стартот кон Јанц. На крилата на Алиловиќ ракометарите на полскиот тим во 39-та минута дојдоа на плус седум (23-16). По нова одбрана Алиловиќ од седум метри, и две грешки во низа, Ричардсон, Илиќ и Сердио зголемија на двоцифрени 30-20 во 49-та минута, а во 55-та минута беше 34-22.

Следен противник на Пелистер во Лигата на шампионите е Барселона која на 15-ти овој месец гостува во Битола.

ПретходноГРК Охрид со Радовиш се загреваше за ЕХФ Европскиот Куп
СледноЧудо во Турново: На полувреме губеа со 0:10, па не им се излегуваше на терен!