Огњен Радојичиќ повторно дел од МРК Куманово

17

Ракометарот од Србија, Огњен Радојичиќ се враќа во тимот на МРК Куманово. Искусниот ракометар беше дел од кумановци пред две сезони, а еве сега повторно се враќа во старото јато.

Радојиќиќ кој е роден 2000 година и е висок 198 игра на позиција лев бек и ќе биде вистинско освежување за тимот на тренерот Љубиша Димковски во продолжение од сезоната во машката ракометна Супер Лига.
” Искрено не се двоумев откако повторно се јавија од МРК Куманово и без размислување се вратив во екипата каде пред две години поминав еден убав период од мојата кариера. Ќе направам се овој лош период резултатски тимот да го надмине и да се вратиме на победничките стази – истакна српскиот ракометар по потпишување на договорот со МРК Куманово.
Претходно„Гратисите одат во историјата“: КК Пелистер ги пушти во продажба сезонските билети
СледноХалил Умут Мелер ќе ни суди против Белгија во Гент