На повидок е голема сензација во рамките на квалификациите за пласман на СП 2026 во Африка.Имено селекцијата на Зелнортските острови е на чекор до Мундијалот. Селекцијата на оваа земја денеска на гостувањето кај Либија одигра 3:3, па така и натаму остана на чело на табелата со +2 бода пред Камерун и тоа на коло до крајот.
Репрезентацијата на оваа егзотична земја, или неколку острови кои се наоѓаат во средиштето на Атлантикот блиску Западна Африка со површина од 4.033 км2 и со 600.000 жители, сега сама си решава за својата судбина. Во последното коло дома игра со селекцијата на Есватини, која е убедливо последна во групата Д, додека Камерун игра против Ангола.
Ако Зеленортските острови успеат да се пласираат на СП тогаш ќе бидат втората селекција која со најмалку број на жители ќе игра на Мундијалот. Засега рекордот го држи Исланд со 300.000 жители со настапот на СП 2018 година.