Готово е, веќе нема дилеми. Селекцијата на Египет и официјално се пласира на СП 2026 кое ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико.
“Фараоните“ денеска на гостувањето кај Џибути славеа со 0:3, и со тоа и официјално го обезбедија првото место во квалификациската група А и тоа на коло до крајот.
За овој успех секако дека најголеми заслуги има мега – ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах кој на денешниот меч во два наврати се запиша во листата на стрелците.