И покрај силните порази, и покрај тоа што Манчестер Јунајтед под негово водство не личи на ништо, сепак Рубен Аморим нема да добие отказ.
Напротив, тој вечерва ја доби најголемата поддршка од првиот човек на гигантот од “Олд Трафорд“, Сер Џим Ретклиф кој говорејќи во еден поткаст кажа дека на памет не му паѓа сега да му даде отказ на Португалецот.
“Не, нема да добие отказ. Сметам дека три години е доволно долг период Рубен да ги искаже сите свои квалитети како тренер. Јас верувам во него. Не може улицата, некои дебилни реакции кои се менуваат од ден во ден и воопшто јавноста, секако и навивачите, да го водат клубот. Мораме да бидеме стрпливи на долги патеки. Знаете и самите што се случуваше со Фергусон на почетокот во Јунајтед како и со Артета во првите две години во Арсенал“ посочи покрај другото Ретклиф.