Претседателот Омерагиќ до капитенот Барди: Нека ти е жива и здрава ќерката Аја

108

Вчера на огромна радост во семејството Барди, се роди ќеркичката Аја. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди не можеше да посака поубаво подарок пред заминувањето денеска за Белгија и дуелот од квалификациите за следниот Мундијал. Нашата експедиција денеска со чартер лет заминува на дуелот во Гент кој е закажан за в петок во 20:45, часот, а предтохдно, како што е ред, во името на Фудбалската Федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ му ја честиташе на капитенот приновата во семејството.

Ваквите гестови секогаш се добредојдени, затоа што даваат огромно значење и внесуваат уште по семејна атмосфера во националниот тим.

ПретходноРСБСП, МВР и ФФМ: Фудбалот нè обединува, но и на патот треба да играме како тим (ВИДЕО)
СледноПуштени во продажба билетите за мечот Вардар – Сесвете