Емил Рајковиќ со својот Тофаш успешно стартуваше во годинашната ФИБА Лига на Шампионите. Турскиот тим предводен од нашит стратег со 90:86 успеа да слави против тимот од Израел, Бнеи Херзлија.
На пауза се замина со резултатски егал од 49:49, во третата четвртина гостите дојдоа до убава предност од 63:75, но кога беше најпотребно четата на Рајковиќ, диригирана од нашиот стратег, успеа да дојде до победата.
Се гледа уште на стартот од сезоната дека Тофаш направил вистински потег кога го ангажиораше Емил Рајковиќ за свој тренер.